Дома Фудбал Навивачите на Барса се нафрлија на Гризман: Ти си виновен што Меси заминува!

Навивачите на Барса се нафрлија на Гризман: Ти си виновен што Меси заминува!

Заминувањето на Лионел Меси направи вистински хаос во Барселона.

Навивачите никако не можат да прифатат дека Меси си заминува, меѓутоа тоа е веќе потврдено од Барселона, а денес Лапорта ќе ја објаснува ситуацијата и зошто тоа се случи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Екипата денес продолжи со тренинзите, додека навивачите го изразуваат незадоволството пред „Камп Ноу“.

„Ти си виновен што Меси си оди, ти требаше да заминеш!“, викаа навивачите на Барселона.

Очигледно навивачите сметаат дека ако Гризман заминеше ќе се ослободеше буџетот доволно за Меси да остане, но Французинот одби да го направи тоа и остана во клубот.

Сега и не е толку важно кој и зошто е виновен, Барселона мора да продолжи без веројатно својот најдобар играч во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…