Oд денес нов играч на Ренова е Ардиан Беќири (20).
20-годишниот дефанзивец во Ренова пристигнува од редовите на Дрита Боговиње и се очекува да биде освежување на бековската линија во тимот на Ќатип Османи.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ренова беше активна во овој период и ангажираше неколку имиња, а ќе видиме дали ќе застанат тука или до крајот на сезоната ќе доведат уште некој, време има затоа што трансфер прозорецот е отворен до крајот на месецот.
Ќе потсетиме првата лига стартува веќе во недела (8-август).