Дома Останати Прв голем скандал на ОИ: Суспендирана нигериска атлетичарка!

Прв голем скандал на ОИ: Суспендирана нигериска атлетичарка!

На почетокот на атлетската програма на Олимписките игри во Токио дојде и до првиот голем скандал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нигериската атлетичарка Блесинг Окагбаре беше позитивна на ХГХ, односно супстанца која го подобрува хормнот на раст. 32-годишната атлетичарка беше тестирана пред 12 дена.

Откриена беше брзо, но сепак имаше време да настапи на квалификационата трка на 100 метри каде што издоминира со време 11.05 во својата група и беше еден од фаворитите за финале.

Причината што доби дозвола за настап е што допинг тестовите се анализираат во Европа. Тоа е направено доцна вчера, па со оглед на временската разлика со Токио успеа да настапи во квалификациите.

Светската атлетска организација ја суспендираше веднаш по добивањето на резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…