Горан Пандев овие денови е во Бугарија каде што Академија Пандев ги одработува подготовките за новата сезона.
Во таа прилика на Пандев друштво му правеше Валери Божинов, поранешниот играч во Серија А и еден од најдобрите бугарски фудбалери во поновата историја.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Среќен сум што го гледам. Во Италија долго време играме како противници, навистина е голем играч и човек. Се изненадив кога го видов. За мене тој е како брат. Пандев е вистинска легеда и чест што е во Бугарија. На свои години прави чува. Кога слушнав дека е тука морав да дојдам и да се поздрав. Со држава како Македонија успеа да се пласира на ЕП, Капата доле, ти си најголемите. Ние Бугарите мора да земеме пример и да гледаме од овој човек“, изјави Божинов за „Спортал.бг“.