Францускиот репрезентативец, Рафаел Варан утрово пристигна во клупската база на Реал Мадрид за да ги започне подготовките за новата сезона.
Варан до денес беше на одмор поради учеството на Европското првенство, а познато е дека Реал и Манчестер Јунајтед водат преговори за негов трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Варан влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката, а веќе ги договорил личните услови за „црвените ѓаволи“.
Според последните информации Варан нема долго да се задржи во Мадрид, бидејќи Реал и Јунајтед се блиску до договор за трансфер тежок 50 милиони евра плус бонуси.
📍🚨 Varane ya está en Valdebebas @ElGolazoDeGol pic.twitter.com/anTXfrnTsm
— Sergio Quirante (@SQuirante) July 23, 2021