Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за играчот за врска на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Леон Горецка.
Горецка има договор со Баерн до 2022 година и влезе во последната година од договорот, а двете страни се уште се далеку од договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Баварците сакаат да го задржат Германецот, но во исто време се плашат дека може да им се повтори случајот со Давид Алаба и играчот да замине без обештетување.
Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед и веќе стапил во контакт со агентите на Горецка, пренесува „Билд“.
Баерн не може да си ја дозволи платата која ја бара Германецот, додека „црвените ѓаволи“ се спремни да ги задоволен неговите финансиски апетити.
„Билд“ пренесува дека Јунајтед е спремен да го донесе Горецка веднаш, или пак следното лето како слободен агент.