Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен не го криеше своето незадовлство од начинот на кој Луис Хамилтон стигна до победата на трката за Големата Награда на Велика Британија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двајцата возачи беа најглеми фаворити. Уште во првиот круг Хамилтон се обиде да го престигне Верстапен, но го закачи возачот на Ред Бул и со голема брзина удри во заштитната ограда.
„Мило ми е што сум добро. Разочаран сум од начинот на кој ја завршив трката. Казната која беше изречена нас не ни помага и не е праведна во однос на опасниот потег што Луис го направи. Тоа што од болница гледав како се радува е непочитување и неспортско однесување, но да одиме понатаму“, порача Верстапен.