Дома Фудбал Италија Голем ГАФ на Јувентус – Го промашија името на новото засилување! (Фото)

Голем ГАФ на Јувентус – Го промашија името на новото засилување! (Фото)

Полскиот голман Војчех Шчесни пред неколку дена и официјално стана нов фудбалер на Јувентус.

Шчесни претходните две години ги помина во Рома како позајмен фудбалер од екипата на Арсенал. „Волчицата“ беше расположена да го продолжи договорот со полскиот голман, но Шчесни не се одлучи за останување во Рим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа, Шчесни доби понуда од Јувентус која едноставно не можеше да ја одбие. Иако е јасно дека Џанлуиџи Буфон е број еден во Јувентус, тој одлучи да „жртвува“ една сезона помината на клупата за резерви, бидејќи Буфон најверојатно после оваа сезона заминува во пензија.

Шчесни се приклучи на припремите на новата екипата, а во Торино го избра дресот со број 23, но изгледа дека во Јувентус сеуште не знаат како се пишува неговата, бидејќи на дресот на Шчесни стоеше „Szcezney“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Звучи неверојатно, но ова на Перез никогаш не му успеало во Реал Мадрид

Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси н…