Дома Македонски спорт Мак баскет Бајиќ: Сакам да ја подмладиме селекцијата и да се вратиме на големите натпреварувања

Бајиќ: Сакам да ја подмладиме селекцијата и да се вратиме на големите натпреварувања

Новиот селектор Драган Бајиќ денеска официјално ја презеде македонската сениорска репрезентација, како наследник на Александар Тодоров.

Претходните денови тој тренираше со неколку потенцијални репрезентативци кои треба да бидат потпора на поискусните, но оние кои го носеа товарот претходните години, почнаа денеска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На првиот тренинг, Бајиќ објасни што очекува од македонската репрезентација во следниот период.

„Се надевам дека ќе можеме да ги повториме резултатите од некоја не толку далечна иднина. Се што правевме од почетокот на моето преземање е со таа цел и јас од него не планирам да се откажам.

Сакам репрезентацијата да се подмлади, да направиме некој план и пат за во иднина за да успееме да се вратиме на големите натпреварувања. Од моето назначување, се обидов да ги следам сите кандидати за националниот тим, разговарав со сите нив и избрав некои момци на кои сега можам да сметам.

Ќе бидат тука 16 кошаркари кои ќе ги користиме во тренажниот процес и сите ќе конкурираат за репрезентацијата. Просечната возраст изнесува околу 24 години и мислам дека тоа треба да биде патот за иднината“- рече Бајиќ пред првиот собир на сениорите во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

ФОТО: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …