Дома Македонски спорт Со пливачот Филип Дерковски се комплетира македонската експедиција за Токио

Со пливачот Филип Дерковски се комплетира македонската експедиција за Токио

МОК и официјално го потврди последниот македонски спортист кој ќе не настапи на олимпијадата во Токио.

Осмиот и последен патник на Летните олимписки игри ќе биде пливачот Филип Дерковски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„ФИНА официјално го извести МОК и го потврди Филип Дерковски за учесник на Олимписките игри ТОКИО 2020. Филип, од се срце ти честитаме и ти посакуваме успешен настап на Олимписките игри во ТОКИО! Со тебе сме! За спортистите!!!“, објавија од МОК.

СИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА ВО ТОКИО

1. Дејан Георгиевски – Таеквондо “А“ Олимписка норма

2. Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил “А“ Олимписка норма

3. Јован Стојоски – Атлетика, 400 метри – Универзално место (вајлд карта)

4. Пулексенија Јованоска – Карате, Кати – Универзално место (вајлд карта)

5. Борјан Бранковски – Спортско стрелаштво – воздушен пиштол 10 м – Универзално место (вајлд карта)

6. Филип Деркоски – Пливање – 732 ФИНА поени

7. Миа Блажевска – Еминова – Пливање – 741 ФИНА поени

8. Арбреша Реџепи – Џудо

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…