Дома Македонски спорт Мак фудбал Тахир Батaтина: Овој Шкупи може да се победи, судиите не беа на ниво

Тахир Батaтина: Овој Шкупи може да се победи, судиите не беа на ниво

Екипата на Шкупи денес го одигра натпреварот против Лапи во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.

Шкупи успеа да го добие натпреварот со головите на Маркоски и Рвтубаје во последните секунди, па со добра предност од 2:0 ќе го чека реваншот на домашен терен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Лапи Тахир Бататина не беше задоволен од судењето на овој натпревар.

„Во второто полувреме мислам дека судиите погрешија, Шкупи доби неколку прекршоци кои според мене не беа. Така го примивме и вториот гол. Како и да е го чекаме натпреварот во Приштина и веруваме дека ќе успееме да дојде до потребениот резултат. Ние денес одигравме добро, Шкупи имаше две шанси и постигна два гола. Ако ги искористивме нашите шанси, а ги имавме три 100% ситуацијата сега ќе беше поинаква. Ќе повторам уште еднаш иако се гледа како фаворит овој Шкупи може да се победи“, изјави Батина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…