Eден од најдобрите во репрезентацијата на Италија во вчерашната победа против Шпанија беше голманот Џанлуиџи Донарума.
Донарума го одбрани клучниот пенал на Мората, а и во текот на натпреварот имаше неколку добри интервенции. Голманот после победата истакна големо воодушевување за патот кој го поминаа „Аѕурите“ во претходните четири години кога доживеаа фудбалски крај и не се пласираа на СП.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко е да се опише. Неверојатно е! Ова е победа за Спинацола, посебно чувство, посебни емоции. Не треба да заборавиме каде бевме и каде стигнавме сега. Тргнавме од дното, а погледнете каде сме сега. Возбуден сум поради тоа“, изјави Донарума.
Ќе потсетиме Италијанците под водство на Роберто Манчини се во серија од 33 натпревари без пораз.