Жозе Мурињо ја следи Англија и Европското првенство, а сега испрати и совет до селекторот на Англичаните Герет Саудгејт.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мурињо смета дека Саудгејт треба да ги одмори Мегваер, Даклан Рајс и Калвин Филипс во дуелот со Украина кој се игра утре.
„Мислам дека би било одлично ако Мегваер биде поштеден за овој дуел, тоа би бил оодлично Мора да се земе предвид и опасноста од жолт картон, тоа за него би значело суспензија во полуфиналето. Мегваер е важен, но и Мингс покажа дека е одличен“
Додаде дека тој би ги одморил и Рајс и Филипс.
„Да сум на негово место би ги одморил и Рајс и Филипс, тие не ви требаат за да ја победите Украина“, изјави Мурињо.