Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Заврши Европското првенство за несреќниот Артем Беседин, стравува и од пауза од неколку месеци 🎥

Заврши Европското првенство за несреќниот Артем Беседин, стравува и од пауза од неколку месеци 🎥

Напаѓачот на Украина, Артем Беседин вчера заработи тешка повреда и за него Европското првенство е завршено.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако во регуларниот дел беше 1:1, Украина и Шведска влегоа во продолженија, а во 98. минута, Маркус Даниелсон опасно стартуваше над Беседин. Судијата во прв момент му покажа жолт картон, но после прегледувањето на ВАР снимката донесена беше одлука за директен црвен картон и секако тоа беше исправно.

Не е потврдено, но според последните информации Беседин се здобил со една од најтешките повреди во фудбалот, скинати лигаменти. Ако е така сигурно го чека пауза од неколку месеци. После деталните прегледи се очекуваат повеќе информации, меѓутоа сигурно е дека ЕП за него е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Трагедија во Србија: Голманот доживеа срцев удар на теренот и почина на пат кон болницата

Голема трагедија ја погоди Србија во пониските фудбалски лиги каде еден голман го загуби ж…