Белгија во недела во Севиља ќе ја започне нокаут фазата на Европското првенство против Португалија, а Белгијците се лути поради форматот на натпреварувањето.
35 годишниот Томас Вермален се пожали дека ваквиот формат не е фер. Ова Европското првенство се игра во 12 градови во различни земји, па затоа некои имаат повеќе патување, а некои помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На ова натпреварување постојат репрезентации кои сите натпревари ги играа дома. Тоа никако не е фер. Ние моравме да патуваме за сите натпревари, а патувањата лошо влијаат на вашето тело. Два пати игравме во Русија и моравме да летаме назад три часа по натпреварот. Мораме да ја прифатиме ситуацијата, но не е фер“, изјави Вермален.
Белгија два натпревари играше во Санкт Петерзбург и еден во Копенхафен, а сега ќе патуваат за Севиља.