Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Селекторот на Турција после потопот на ЕУРО: За ова се виновни медиумите!

Селекторот на Турција после потопот на ЕУРО: За ова се виновни медиумите!

Репрезентацијата на Турција, без никакви дилеми, досега е најголемото разочарување на Европското првенство.

Од тим кој во квалификациите за ЕУРО во групата ја победи Франција со 2:0 и Холандија со 4:2 во квалификациите за СП, се очекуваше многу повеќе.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекцијата на Турција настапот на ЕП го заврши неславно. Три порази во исто толку одиграни натпревари со гол разлика од 1:8 претставува најголемото непријатно изненадување.ж

Турскиот селектор за овој резултат вината ја најде сегде само не во себе.

„Оваа млада екипа ќе ги одбележи следните 10 годино во турскиот фудбал, но свесни сме дека таков настап на овие турнири е неприфатлив. Моментално не размислувам за оставка, сметката за неуспехот мора да се плати, но одговорни се и медиумите, одговорни се и управата и стручниот штаб.“ – рече селекторот.

Поради оваа изјава тој се најде на уште поголем удар кај турската јавност.

Турците го отворија ЕП со убедлив пораз од Италија со 3:0, a потоа беа поразени од Велс со 2:0 и денеска од Швајцарија со 3:1.

Ова му е втор мандат на турската клупа, а го започна во 2019. година. Во првиот мандат од 2000. до 2004. година ја предводеше Турција до третото место на СП 2002 година што претставува најголем успех во историјата на оваа репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…