Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ го осудува националистичкиот испад и бара најстрога казна за Арнаутовиќ

ФФМ го осудува националистичкиот испад и бара најстрога казна за Арнаутовиќ

Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

ФФФ информира дека поднесе официјален допис до УЕФА во кој бара најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

„Како Куќа на фудбалот секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат“, објави ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…