Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Maкедонија денес го одигра првиот дуел против Австрија во кој не разочаравме, но на крајот сепак изгубивме со 3:1.
По натпреварот зборуваше капитенот Горан Пандев.
„Ова беше прв натпревар и големо искуство за нас. Очекувавме да притиснат во вториот дел, го искористија тој елемент во кој се помоќни од нас. Имаат силна клупа и физички се посилни, па тоа пресуди на крајот. На 1:1 имавме свои шанси, но не ги искористивме“.
Да се одмориме и да се подготвиме за Украина.
„Не чека еден тежок натпревар во кој треба да влеземе максимално. Жалам за навивачите кои дојдоа во Букурешт, благодарен сум што се тука и што навиваа за нас. Се надеваме дека вториот натпревар ќе биде подобар за сите.
Натпреварот против Украина го играме во четврток.