Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт
Македонската фудбалска репрезентација денес го одигра првиот натпревар на Европското првенство и не можеме да кажеме дека нашите момци разочараа, напротив одиграа еден навистина добар натпревар против силна репрезентација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од почетокот на натпреварот стартувавме добро, имаше по некоја шанса и на двете страни. За жал Австрија од првата посериозна прилика стигна до водство. Казнето беше едно наше невнимание кога го оставивме Леинер сам пред во петерецот, а тоа тој го казни и во гол го претвори нафрлувањето на Сабицер.
До изедначување стигнавме 10 минути подоцна кога Горан Пандев го постигна првиот гол за Македонија во историјата на Европските првенства. На полувреме се замина со резултат 1:1.
Почетите минути во второто полувреме можеби беа најдобрите кои ги имаше Македонија 15-тина минути се играше констатно пред голот на Австрија, а најголемата прилика ја пропушти Бобан Николов. Австрија во тие моменти беше во подредена улога, но кога не го искористивме тој период казната стигна во 78 минута кога Грергорич го искористи проигрувањето од Давид Алаба. Во 90. минута кога Македонија тргна на се или ништо во напад Аранутовиќ ги постави конечните 3:1.
Следниот натпревар Македонија го игра во четврток, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Украина.