Дома Останати Кошарка Клиперси ја декласираа Јута и намалија на 2:1 во серијата

Клиперси ја декласираа Јута и намалија на 2:1 во серијата

Кошаркарите на ЛА Клиперс синоќа ја победија Јута со 132:106.

Клиперси дојдоа до убедлива победа со која намалија на 2:1 во полуфиналната серија во Западната конференција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од самиот почеток на натпреварот домашниот тим имаше предност и делуваше подобро на паркетот, што беше јасно дека Јута овој пат тешко ќе стигне до нова победа.

Клиперси после првата четвртина водеа со 27:23, а на полувреме се замина со резултат 64:49 за домашниот тим.

Во продолжение на натпреварот екипата на Клиперси ја одржуваше предноста и на крајот успеаа да дојдат до триумг со резултат 132:106.

Клиперси до прва победа во оваа серија го предводеше Леонард кој имаше скор од 34 поени, 12 скокови и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн: Не сум сигурен дека ќе играм наредната сезона

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, моментално ја игра својата 23. с…