Филип Лам замина во пензија, а капитенската лента се сели во рацете на Мануел Ноер. Искусниот голман ќе биде новиот капитен на „Баварците“.
Информацијата за навивачите на минхенскиот гигант ја потврди Карл Хајнц Румениге, извршниот директор на клубот од „Алијанц Арена“ во текот на турнејата низ Азија на германскиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бројот еден ќе биде број еден – Мануел Ноер. Тој е човекот кој и дава стабилност на нашата екипа, сега само ќе ја презеде капитенската лента од Филип Лам. Таа улога фантастично ја извршува во репрезентацијата, како на теренот, така и надвор од него, па логично е да биде избор и на клубот“, истакна Румениге.
На неодамнешниот Ауди Куп, капитенот на Баерн беше Томас Милер, само затоа што Мануел Ноер не бранеше за тимот на тие натпревари.