Дома Фудбал Неста и Тоти заедно со музичките ѕвезди Бочели, Боно и Мартин Гарикс ќе го отворат Европското првенство

Неста и Тоти заедно со музичките ѕвезди Бочели, Боно и Мартин Гарикс ќе го отворат Европското првенство

Вечерва со натпреварот помеѓу Италија и Турција во Рим официјално ќе стартува Европското првенство во фудбал.

На „Олимпико“ е најавена церемонијата на отварањето со светски познати музички ѕвезди. На отварањето ќе се појават Андреа Бочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ. Програмата ќе го носи името „Триумф на Европското првенство“.

Бочели ќе ја испее аријата од Џакомо Пучини, „Несун Дорма“, а поранешните капитени на Рома и Лацио, Франческо Тоти и Алесандро Неста ќе шутираат топки на трибините симболично да го означат враќањето на навивачите. На трибините се предвидени 16.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија може на БиХ во баражот, европските сили чекаат четвртфинални двојки

Во Нион од 12 часот ќе се извлекуваат двојките за баражот и четвртфиналето во Лигата на на…