Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Анализа: Италија и Турција го отвараат Европското првенство!

Анализа: Италија и Турција го отвараат Европското првенство!

По едногодишно доцнење, во петок конечно започнува толку очекуваното ЕУРО 2020. На стадионот Олимпико во Рим, на отварањето ќе играат домаќинот Италија и се подобрата Турција.

Популарните „азури“ сакаат максимално да ја искористат предноста на домашен терен во Рим, а пак нивните турски колеги имаат за цел барем да избегнат пораз на нивниот прв натпревар на шампионатот во рамки на групата А.

Италија се наоѓа во одлична форма


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Четирикратниот светски шампион Италија има одличен тим, составен од искуство но пред се од една млада но крајно талентирана генерација.

Поради нивната одлична форма во текот на минатата сезона, „азурите“ во групата А влегуваат не само како фаворити за пласман во следната фаза, туку и како еден од фаворитите за подигнување на трофејот. Вклучувањето на талентирани млади играчи во екипата донесе свежина која беше повеќе од потребна, особено по катастрофата која им се случи со пропуштањето на Светското Првенство во Русија. Донарума е одличен, Федерико Киеза уште повеќе напредуваше во Јувентус, а тука е и двојката на Интер, Нико Барела и Алесандро Бастони. Ако на овие се додадат имиња како Марко Верати, Бонучи, Киелини или Инсиње, јасно е дека Манчини има тим за високи дострели.

Роберто Манчини е човекот што ја спаси Италија

Кога ги презеде „Азурите“ во Мај 2018 година, една од најуспешните селекции беше на дното по нивниот неуспех да се пласираат на Светското првенство во Русија – катастрофа невидена 60 години. Но, Манчини прецизно одработи се и создаде тим со јасен идентитет.

Во квалификациите, Манчини го сруши двојниот рекорд на победникот во Светскиот куп, Виторио Поцо, од 30-тите години, водејќи ги „азурите“ до 11 последователни победи. Италија се квалификуваше на три натпревари пред крајот – уште еден рекорд – и победи на секој натпревар за да се најде на првото место во својата група со неверојатна гол разлика од +33.

Тие потоа ја освоија минатогодишната група во Лигата на нации, попатно победувајќи ги Полска, Холандија и Босна и Херцеговина.

Ѓунеш е човек за високи дострели

Шенол Ѓунеш дефинитивно е вистинската личност за селектор на Турција. Пон негово водство Турција беше трета на Светското Првенство во 2002 година, по што следуваше пад на репрезентативниот фудбал во земјата. Сега, една деценија подоцна повторно истиот човек сака да ја врати Турција на големата фудбалска мапа.

Имаа лош настап во Лигата на Нации, но Ѓунеш смируваше и најави дека најдоброто од Турција ќе се види на ЕУРО. Во меѓувреме, тие одиграа нерешено 3:3 и со Германија и со Хрватска, истакнувајќи го нивниот капацитет за високи дострели. Во месец Март, во квалификациите за Светското првенство неочекувано ги декласираа Холанѓаните со 4:2 и победија во Норвешка кај Халанд со 0:3, но потоа следуваше шок и реми 3:3 со Летонија. Затоа, според многумина најголема опасност за Турција е променливата форма. Можат да слават против секого, но и да загубат од секого.

Широк ростер на многу квалитетни играчи

Во сите линии Турција е добро покриена и има одлични фудбалери. Оваа селекција никогаш предходно немала толку многу фудбалери кои играат во најсилните европски лиги. Хакан Чалханоглу е најдобриот играч без никаков сомнеж. Со неговото диригирање во средниот ред и носење на одлуки и прецизни додавања, Чалханоглу е незаменлив во тој дел од теренот. Тука се и Јазичи од Лил, Јокуслу од ВБА и уште неколкумина кој прават одличен среден ред. Ако с епогледне дефанзивата, тогаш јасно е дека Турција може многу на ова ЕУРО. Дефанзивецот на Лестер Сити, Сојунчу е лидерот во одбраната, а кога покрај него со стандардните играчи на Јувентус и Ливерпул – Демирел и Кабак тогаш се е јасно. Одлични се и страничните бекови каде се Челик од Лил, како и универзалците од Сасуоло, Ајкан и Мудлар кои можат да одиграат на било која позиција во одбраната.

Очекување:

Италија одигра две пријателски средби пред шапионатот и забележа две победи, на кои даде 10 гола. Славеше над аматерите од Сан Марино со 7:0, но на генералката против Чешка одиграа одлично и победија со 4:0. Последниот пораз, Италија го доживеа во 2012 година. Од тогаш имаат неверојатна серија од пет ремија и 22 победи на последните 27 натпревари. Имаат седум последователни победи без примен гол – форма која е неверојатна во секој поглед.

И Турција е во добра форма. Тие имаа три меча пред ЕУРО, славеа над Азербејџан и Молдавија и одиграа нерешено со Гвинеја. Она што е загрижувачко, е фактот што не одиграа на високо ниво и против многу послаби селекции од себе иако се работи само за подготвителни натпревари. Сепак, Турција во изминатата година покажа дека најдобро игра против најдобрите. Освен тоа тие го имаат Ѓунеш за селектор, кој загуби само на три меча на 27-те натпревари колку што ја водеше Турција.

Како за прв меч, не може да очекуваме атрактивен фудбал и ногу голови. Ќе се игра претпазливо, ќе биде тврд натпревар, но јас очекувам победа на Италија, која ќе ја има и предноста на домашниот терен.

Ако сте фан на спортското обложување, тогаш ви го предложуваме одличниот сајт „Кладење.мк“ каде што ќе можете да пронајдете совети, анализи, типови…СЕ што е поврзано со обложувањето и тоа од вистински професионалци – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…