Дома Македонски спорт Биелса сака во Лидс да го види – Елмас!

Биелса сака во Лидс да го види – Елмас!

Познатиот „Атлетик“ пишува дека англиски Лидс каде што во овој момент настапува, Езгјан Алиоски покажал интерес за доведување на Елиф Елмас.

Во објавата на „Атлетик“ која е најава за Македонија на ЕП во делот на Елмас стои.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Елиф е клучен во играта на Македонија, меѓутоа Гатузо не го играше многу минатата сезона. Елмас сигурно ќе го искористи ЕП да покаже што знае со топката“.

Се додава и дека Марсело Биелса покажал голема желба да го има во својот тим.

Веста на „Атлетик“ ја пренесоа повеќе медиуми, а интересен беше насловот „HITC“: Лидс сака да доведе фудбалер кој вреди 14.5 милиони фунти и кој сака да стане еден од најдобрите во светот.

Претходно името на Елмас се поврзуваше со Бенфика и Борусија Дортмунд, сепак треба да се почека да се види ставот на новиот тренер на Наполи, Лучијано Спалети кој дојде на местото на Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…