Дома Фудбал Репрезентации Eлмас: Добро знаеме какви натпревари не чекаат на ЕП, голем дел од нас играат во силни клубови

Eлмас: Добро знаеме какви натпревари не чекаат на ЕП, голем дел од нас играат во силни клубови

Со селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција присуствуваше и Елиф Елмас кој беше стрелец против Словенија во претходниот натпревар.

Елмас како и секогаш, не го потцени Казахастан, но најави дека сака победа.

„Очекувам добар натпревар, Моите очекувања се секогаш да се оди на победа па така и сега. Се надевам дека утре ќе ги израдуваме навивачите“.

Ова се подготвителни натпревари, но оние на Европското првенство ќе бидат нешто сосема поразлично.

„„Добро знаеме каква е разликата меѓу овие натпревари и оние на Европското првенство. Тоа ќе бидат натпревари со многу поголем интезитет, но голем дел од нас во репрезентацијата играат во силни клубови и навикнати сме на такви натпревари“, порача Елмас.

Ќе потсетиме натпреварот со Словенија заврши 1:1, а со Казахстан играме утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…