Дома Фудбал Останато Тудор по искуството со Пирло: Повеќе никогаш нема да бидам помошник

Тудор по искуството со Пирло: Повеќе никогаш нема да бидам помошник

Игор Тудор прифати да биде помошник на Пирло на стартот од сезоната која неодамна заврши, а како што вели самиот Хрват ова ќе биде негов последен ангажман како асистент во тренерската кариера.

Тудор потенцира дека сега ќе гради исклучиво самостојна кариера, затоа што немал добро искуство со Пирло и не се адаптирал на она што го поставил. Како што зборува во интервјуто за „Јутарњи лист“ односот помеѓу него и Пирло не бил нарушен, но некои работи не можел да ги прифати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нема „војна“ помеѓу нас како што пишувате вие, прво Пирло беше тој кој ми се јави пред да почне сезоната. Бев изненаден од неговата понуда, но бидејќи стануваше збор за Јувентус не размислував многу“.

„Од Јувентус на Пирло му дадоа список со пет имиња, а спортскиот директор Партичи остави да одлучи на Пирло кој му биде помошник. Ме избра мене, но беше добар пријател со Роберто Барони па го зема и него. Доведе и аналитичар, не ми се допадна тоа што сите не стави на исто ниво. Тоа според мене не беше во ред затоа што јас пред се тренер и сум дел од оваа професија“.

„Зад нас е тешка сезонја и добро е што успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите и што го освоивме купот“, изјави Тудор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…