Претседателот на УЕФА Александар Чеферин уште еднаш испрати јасна порака до Јувентус, Реал Мадрид и Барсeлона, трите клуба кои се уште официјално се немаат откажано од Суперлигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трите клуба се единствени кои не се повлекоа од Суперлигата, па УЕФА отвори процес против нив и им се заканува суспензија од европските натпреварувања.
„Дури и најневерните луѓе во светот разбираат дека Супер лигата заврши. Мислам дека има само три клуба кои сепак мислат дека ќе ја реализираат Суперлигата. Единствените тројца кои мислат дека земјата е рамна се еден Италијанец и двајца Шпанци“, изјави Чеферин и додаде:
-Тие излегоа со соопштение дека Суперлигата се уште постои, а два дена подоцна испратија барање да играат во Лигата на шампионите. Тие рекоа дека Лигата на шампионите е говота, тогаш зошто сакаат да играат во неа? Сега се закануваат, испраќаат писма дека ќе не тужат, споменуваат кривични, па некој друг суд… очигледно имаат премногу пари“.