Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски изјави дека македонската фудбалска А репрезентација си има свои национални бои, тие се „црвена“ и „жолта“ боја, и не треба да се менуваат.
„Незаконски е да се вметнува друга боја во дресот на репрезентацијата. Самата федерација ги одредува боите и не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува“ изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Има закони, се знаат боите во сите репрезентации, има црвена и жолта боја, боите мора да се тие. Се покажа дека дресот не поминува и не е лице на македонската репрезентација, па по реакциите на јавноста дресот се промени“, додаде Мојсоски.