Дома Фудбал Повеќе нема дилеми: Анчелоти се враќа во Реал Мадрид

Повеќе нема дилеми: Анчелоти се враќа во Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека само часови го делат Карло Анчелоти да биде промовиран во нов тренер на Реал Мадрид.

„Марка“ утрово објави вест дека Анчелоти е прв избор на Перез и дека преговорите се во напредна фаза, а сега стигна потврда дека е постигнат договор.

Не е проблем што Анчелоти има актуелен договор со Евертон до 2024 година. Тој исто така има џентлменски договор со клубот да го пушти да замине доколку има неодолива понуда како оваа од Реал Мадрид.

„Марка“ тврди дека се е веќе договорено и се чека само официјална потврда за враќање на Анчелоти на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поразот од Турција не ги запре кадетите: Македонија продолжува кон ЕП

Македонската селекција до 17 години загуби со 0-3 од Турција, но со шест бода оди во следн…