Дома Топ вести Роналдо го напушта Јувентус, но останува во Серија А

Роналдо го напушта Јувентус, но останува во Серија А

Враќањето на Масимилиано Алегри на клупата на Јувентус најверојатно ќе значи заминување на Кристиано Роналдо.

Португалецот наводно им потврдил на пријателите дека го напушта Јувентус ова лето, а неговиот манаџер Жорге Мендеш веќе му бара нов клуб.

Италијнските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека Роналдо може да се пресели во Рим.

Имено, неговиот сонародник Жозе Мурињо имал разговор со Роналдо и се обидува да го убеда да се пресели во Рома.

Американските сопственици се спремни да му ја исполнат желбата на Мурињо и на Роналдо му нудат 14 милиони евра по сезона.

Овој трансфер ќе биде тежок за реализација бидејќи Рома нема да игра во Лигата на шампиони, но доколку не пристигнат други понуди можно е Роналдо да каже ДА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…