Дома Фудбал Италија По пласманот во Серија А претседателот на Венеција скокна во канал 🎥

По пласманот во Серија А претседателот на Венеција скокна во канал 🎥

Фудбалерите на Венеција ќе играат во Серија А откако ја исфрлија Цитадела во финалето од плеј-офот за повисок ранг.

Венеција на гости славеше со 1:0, а во реваншот Цитадела водеше од 1:0 се до 93. минута кога Рикардо Бокално со својот гол донесе големо славје.

За Венеција ова ќе биде прв настап во Серија А после сезоната 2001/2002. Претседателот Данкан Нидерауер е свесен каков успех направи овој клуб. Во еуфорија на вчерашната прослава тој скокна и во венецијанскиот канал.

Ќе потсетиме, покрај Венеција наредната сезона во Серија А ќе играат уште Емполи и Салернитана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лампард се надева на нова победа за Ковентри во Премиер лигата

Ковентри Сити ќе се обиде да врзе две победи во Премиер лигата кога ќе го пречека Њукасл Ј…