Лука Модриќ е добитник на наградата за најдобар играч на Реал Мадрид за сезоната 2020/2021, одлучија навивачите.
„Фудбалерот кој неодамна го продолжи договорот со Реал до 2022 година, одигра 48 натпревари оваа сезона, постигна шест гола и запиша четири асистенции“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прво би сакал да се заблагодарам на поддршката која секогаш сте ми ја давале. поради тоа сум среќен и горд. Се надевам дека наскоро ќе се видиме на стадион и заедно ќе уживаме во овој фантастичен спорт. Не сакам да зборувам за своите изведби и натпревари, но можам да ви кажам дека добро се чувствував. Уживав, многу играв и задоволен сум како го правев тоа“, порача Модриќ.
Реал Мадрид сезоната ја заврши без трофеј. Клубот го освои второто место на табелата во шпанското првенство каде што до последното коло се бореше за титулата.