Дома Фудбал Останато Едер: Се надевам дека Интер нема да заврши како Сунинг

Едер: Се надевам дека Интер нема да заврши како Сунинг

Кинеската групација Сунинг која е сопственик на Интер во изминатите месеци се најде во сериозни финансиски проблеми.

Поради бројните проблеми на крајот се донесе одлука екипата Џиангсу Сунинг да се распушти, иако стануваше збор за еден од најдобрите кинески тимови кој беше шампион во 2020 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчите и стручниот штаб беа ослободени, а плата не добивале ниту работниците. На таа тема на друштвените мрежи се огласи поранешниот напаѓач на Интер и Џиангсу.

„Никого не плаќаа осум месеци, дури ниту луѓето кои работеа за 800 евра месечно“, напиша Едер, а потоа ја коментираше ситуацијата во Интер.

„Ја расипаа целата одлична работа која ја заврши господинот Конте затоа што сакаа да стават 100 милиони евра во својот џеб. За вработените на никого не му е гајле. Се надевам дека Интер нема да заврши како и Сунинг“, порача Едер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…