Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта веќе активно работи на трансфер пазарот за да го засили тимот за следната сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона ја очекува сериозна реконструкција ова лето, неколку фудбалери ќе бидат продадени, а ќе пристигнат нови ѕвезди.
Шпанските медиуми тврдат дека 5 нови засилување се веќе на чекор од „Камп Ноу“ и ќе бидат официјализирани во наредните денови.
Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Ерик Гарсија, Жоржињо Вајналдум и Емерсон Ројал ќе станат нови засилувања на Барселона.
Тоа што е најважно за претседателот Жоан Лапорта е што од сите засилувања, ќе плати само за Емерсон. Барселона поседува 50% од неговата сопственост, па ќе плати 9 милиони евра за другата половина.
Останатите ѕвезди доаѓаат бесплатно и сигурно ќе го подигнат квалитетот на тимот.