Бразилскиот голман Едерсон е спремен да преземе одговорност доколку дојде до пенали во финалето во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити и Челзи во сабота ќе играат финале во Лигата на шампионите на стадионот „Драгао“ и не е исклучена можноста да гледаме продолженија, па и пенали. Ако дојде до пенали, Едерсон е спремен да преземе одговорност и тоа во одлучувачката серија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Јас сум на листата изведувачи. Доколку дојде до тоа спремен сум да ја земам топката и да шутирам во петата серија“, изјави Едерсон.
На почетокот на оваа година Едерсон инсистираше да изведе пенал против Тотенхем, но Гвардиола го одби и го избра Родри.
„На тренинзите не изведувам слободни удари, но изведувам пенали. Имаме неколку добри изведувачи на слободни удари, но јас најдобро шутирам пенали“, изјави Бразилецот за англиските медиуми.
На прашањето зошто тогаш не изведува пенали кратко одговори: Гвардиола не ми дозволува да ги изведувам во текот на натпреварите.