Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер го сакаат Хари Кејн како главна трансфер цел ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кејн игра уште една фантастична сезона за Тотенхем, но не е задоволен од резултатите на тимот и најави заминување ова лето.
Кејн е спремен на лето да ја промени средината и преферира да остане во Англија, па клубовите од Манчестер важат како фаворити за неговиот потпис.
Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и смета дека има понуда која Тотенхем нема да може да ја одбие.
Имено, „црвените ѓаволи“ се спремни покрај пари во понудата да го вклучат и Марсијал, а „спарси“ во Французинот гледаат идеален наследник на Кејн.
Англиските медиуми тврдат дека трансферот на Кејн ќе биде рекорден во британскиот фудбал.