Дома Македонски спорт Пандев: Со пласманот на ЕП го исполнивме сонот на секој Македонец

Пандев: Со пласманот на ЕП го исполнивме сонот на секој Македонец

Денес кога изминуваат точно 11 години од големиот успех на Горан Пандев и денот кога со Интер ја освои Лигата на шампионите македонскиот капитен имаше интервју во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“.

Во овие моменти актуелно е прашањето дали Пандев ќе продолжи да игра фудбал и во наредната сезона, одговорот се уште го нема и самиот тој.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Да бидам искрен се уште сум во дилема дали да продолжам, полнам 38 години ќе видиме. Одлуката ќе ја донесам по завршувањето на претстојното Европско првенство“, изјави Пандев.

Европското првенство за Пандев е голема гордост.

„Со тоа што се пласиравме на Европското првенство го исполнивме сонот на секој Македонец, нашите натпревари треба да бидар празник за навивачите“, истакна капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …