Дома Фудбал Италија Во Милан се правело скара пред натпреварот на сезоната

Во Милан се правело скара пред натпреварот на сезоната

Во сабота се игра последното коло од италијанската Серија А во кое не очекува голема борба за местата кои водат во Лигата на шампионите.

На Апенините веќе е познато дека Интер е нов шампион и дека во Серија Б се селат Беневенто, Кротоне и Парма, но во последното коло не чека жестока борба за место во најелитното европско натпреварување.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Интер и Аталанта се единствените клубови кои обезбедија место во ЛШ наредната сезоната, а за преостанатите две позиции во последното коло ќе се борат Милан, Аталанта и Јувентус.

Во најлоша позиција е Јувентус кој е пети и има бод помалку од Наполи и Милан. „Старата дама“ чека кикс на некој од ривалите. Наполи игра со Верона, Милан со Аталанта.

Италијанските медиуми објавија дека тренерот Стефано Пиоли и директорот Паоло Малдини одлучиле денес после тренингот да организираат сакара и дружење на целиот тим за во што подобра атмосфера да се дочека мечот на сезоната.

Пиоли сака што повеќе да ги мотивира играчите пред дуелот со Аталанта и им порачал дека не смеат на крајот да бидат најголеми губитници и после добрата сезона да останат без пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Штутгарт ја одби понудата од 55 милиони евра од Баерн за Волтемаде

Управата на Штутгарт ја отфрли и втората понуда на Баерн Минхен за Ник Волтемаде. Според н…