Карим Бензема после шест години се врати во француската репрезентација и ќе игра на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јавноста во Франција беше воодушевена што Дешамп го повика напаѓачот на Реал Мадрид со оглад на фактот што игра во фантастична форма.
Откако вчера и официјално беше објавен списокот на француската репрезентација на ЕП, денес се огласи и Бензема.
„Јас сум многу горд што се вратив во француската репрезентација и поради довербата која ми е пружена. Благодарам на моето семејство, пријатели, клуб и на сите вас кои секогаш ме поддржувавте. Напред сини, Еуро 2021! Алхамдулилах”, напиша Бензема на социјалните мрежи.