Дома Фудбал Англија Најнесреќнот играч во Премиер лигата

Најнесреќнот играч во Премиер лигата

Tимо Вернер е одличен напаѓач, но од кога летото за 53 милиони евра дојде во Челзи како да го следи некое проклество.

Иако напаѓачот во модерниот фудбал не смее да се вреднува само по бројот на постигнати голови туку и според тоа колку работи за екипата. Колку се жртвува, отвара простор на останатите, а Вернер во сето тоа е одличен, факт е дека голови постигнува многу малку.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 50 настапи за Челзи постигна само 12 голови. Мора да се истакне дека голем дел од нив беа одлучувачки, а и голем дел од 14. асистенции беа за важни голови.

Меѓутоа постигна премалку голови и за тоа сигурно е свесен и самиот. После претпоследното 37. коло во Премиер лигата остана само на шест првенствени гола. Во последниот натпревар против Лестер не успеа да се запише во листата на стрелци, Челзи сепак славеше со 2:1.

На несреќниот Вернер два гола му беа поништени. Првиот во 22. минута поради офсајд, вториот 13 минути подоцна поради играње со рака. Освен по непризнаените голови Вернер овој натпревар ќе го памети и по офсајдите. После натпреварот со Лестер има дури 41 офсајд позиции.

Колку е разочаран и свесен дека нема среќа зборува и неговата изјава по овој дуел.

„Овој натпревар беше слика на мојата цела сезона. Најнесреќната која сум ја имал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…