Реал Мадрид веќе испратил конкретна понуда до Масимилиано Алегри да го замени Зинедин Зидан на кормилото на „кралевите“.
Заминувањето на Зидан од Реал Мадрид е се поизвесно, па „кралевите“ ја започнаа потрагата по негов наследник.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Иако легендата Раул Гонзалес се споменуваше како главен фаворит, сепак шпанските медиуми пренесуваат дека Перез започнал преговори со Макс Алегри.
„Газета дело Спорт“ открива детали од понудата. Перез на Алегри му понудил 2-годишен договор со опција за уште една сезона и плата од 10 милиони евра по сезона.
Трофејниот италијански тренер е слободен и кажал ДА на понудата, па се очекува во наредните денови да бидат договорени сите детали.