Денес Металург и официјално ги претстави браќата Оливие и Кевин Њокас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Браќата близнаци кои имаат по 34 години ставија потпис на договор од две години и доаѓаат желни за успех.
„Овој проект е предизвик за нас. Разговаравме со Кирил Лазаров и тој ни кажа убави зборови за клубот, едвај чекаме да почнеме. Многу се радуваме што по пауза од 16 години одново ќе играме заедно, понудата на Металург беше вистинско место“, изјавија двајцата браќа.
Онаку, Оливие е соиграч на Лазаров од Нант кој во францускиот тим игра од 2016 година на позицијата лев бек, додека Кевин е дел од Бенфика за која потпиша во 2018 година.
Двајцата браќа заедно играле само во Париз пред клубот да го превземат богатите катарски гази до 2008 година.