Дома Топ вести Зидан ги демантира шпекулациите: Тоа е чиста лага!

Зидан ги демантира шпекулациите: Тоа е чиста лага!

Зинедин Зидан ги демантираше гласините кои беа објавени дека им кажал на играчите дека на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Французинот беше видно лут поради таквите шпекулации и категорично ги демантираше.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Како би можел сега да им кажам на фудбалерите дека си одам? Среде жестока битката за титулата, а јас така ладно и попат да им речам: „толку е, си одам“. Луѓето надвор од клубот може да зборуваат што сакаат, ама јас вакво нешто на своите фудбалери не можам да им кажам“, изјави Зидан.

„На крајот на сезоната ќе видиме што ќе се случи, ама моментно фокусот е само на последниот меч. Сега не е време да се зборува за иднината, зашто сѐ е насочено кон најважниот меч сезонава. Се друго е само чиста лага и ништо повеќе“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Три екипи покажаа интерес: Следната станица на Галагер ќе биде – Премиер лигата!?

Конор Галагер е еден од играчите кои лесно би можеле да го променат клубот во јануарскиот …