Дома Топ вести „Бомба“: Преговорите започнаа, Алегри му кажа ДА на Реал Мадрид

„Бомба“: Преговорите започнаа, Алегри му кажа ДА на Реал Мадрид

Иднината на Зинедин Зидан  е главна тема во шпанските медиуми, а утрово „Марка“ објави дека Французинот им признал на фудбалерите дека заминува на крајот на сезоната.

Заминувањето на Зидан од Реал Мадрид е се поизвесно, па „кралевите“ ја започнаа потрагата по негов наследник.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако легендата Раул Гонзалес се споменуваше како главен фаворит, сепак шпанските медиуми пренесуваат дека Перез започнал преговори со Макс Алегри.

Алегри веќе имал состанок со челниците на „кралскиот“ клуб оваа недела и е спремен да седне на кормилото на Реал Мадрид.

Трофејниот италијански тренер е слободен и се очекува во наредните две недели да бидат договорени сите детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јамал денеска полни 18 години, а сега e објаснето зошто мораше да го прослави роденденот еден ден порано

Ламин Јамал синоќа приреди спектакуларна прослава на 18-тиот роденден на која присуствуваа…