Дома Фудбал Англија Стив Брус за Сити: Не можете ништо кога не ви ја даваат топката

Стив Брус за Сити: Не можете ништо кога не ви ја даваат топката

Meнаџерот на Њукасл Стив Брус призна дека Манчестер Сити бил подобар тим во натпреварот кој вчера заврши со победа на „граѓаните“ од 3:4.

Сити и Њукасл одиграа одличен натпревар на крајот славеше тимот на Гвардиола кој сезонава стигна до третата титула во последните четири екипи, а екипата на Брус обезбеди опстанок после тешкиот период.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Најголемиот комплимент кој можам да го кажам е дека против нив е навистина тешко да се игра. Се случува во голем дел од натпреварот да не добиете шанса да шутнете на нивниот гол, толку се добри во поседот на топката“, изјави Брус.

Њукасл успеа да постигне три гола против новиот шампион, дури и водеше со 3:2, но сепак на крајот тие беа поразени.

„Нашиот контранапад одлично функционираше, но ја плативме цената на лошата одбрана. Против Сити морате многу подобро да се браните. Многу подобро“…свесен е поранешниот англиски дефанзивец и долгогодишен капитен на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Како сите да сакаат да исчезнеме од светот

Во Англија започна судењето против Манчестер Сити кој е обвинет за 115 прекршоци, а како н…