Дома Фудбал Англија TВ правата за англиската Премиер лига продадени за 5.5 милијарди евра

TВ правата за англиската Премиер лига продадени за 5.5 милијарди евра

Денес англиската фудбалска Премиер лига објави дека постигнала договор за продажбата на телевизиските преноси од натпреваирте со „Скај Спорт“, „БТ Спорт“, „Амазон Прајм Видео“ и „Би-Би-Си Спорт“.

Договорот за правата е вреден околу 5.5 милијарди евра и има важност од 2022 до 2025 година. Износот е приближно на претходниот тригодишен договор за 1.83 милијарди евра по сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со овие 5.5 милијарди евра Премиер лигата е на водечкото место од заработката според ТВ правата пред француската Лига 1 со приход од 1.172 милијарди евра (2020-2024), германската Бундеслига 1.16 милијарди евра (2017-2021), шпанската Ла Лига (1.14 милијарда евра) и италијанската Серија А со заработка од 973 милиони евра по сезоната (2019-2021).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …