Дома Фудбал Англија Венгер со СМС пораки го убедува Санчез да остане

Венгер со СМС пораки го убедува Санчез да остане

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека тој со СМС пораки комуницира со Алексис Санчез и дека е многу позитивен.

Веќе со месеци се шпекулира дека Чилеанецот ќе го напушти Арсенал, а наводно го сакаат Баерн и Сити. Сепак, Венгер е убеден дека ќе го задржи главниот играч на екипата кој веќе влегува во последната година од договорот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Раговараме со текстуални пораки и многу е позитивен. Моите мисли секогаш се позитивни. Играше цела сезона, а потоа уморен отиде да игра на Купот на Конфедерациите. Не можете да кажете дека играчот нема да има одмор и дека мора да се врати, тоа е невозможно“, изјави Венгер.

Санчез минатата сезона постигна 24 гола со 10 асистенции, а Венгер го очекува на крајот на месецот на тренингот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Не чекаа долго: Реал Мадрид направи потег кон Модриќ кој навивачите веднаш го забележаа!

Лука Модриќ веќе не е дел од тимот на Реал Мадрид и ја продолжува својата кариера во Милан…