Дома Фудбал Италија Oдржан состанок во Торино: Јувентус донесе одлука за иднината на Пирло!

Oдржан состанок во Торино: Јувентус донесе одлука за иднината на Пирло!

Јувентус вчера доживеа тежок пораз од Милан, „росонерите“ во Торино славеа со убедливи 0:3.

После натпреварот веднаш се зборуваше за можен отказ и смена на Андреа Пирло кој го плаќа данокот на неискуството во тренерската работа. По натпреварот Пирло порача дека нема намера да си поднесе оставка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Оставка? Не, не се откажувам. Дојдов овде со голем ентузијазам и покрај бројните потешкотии. На располагање сум на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам овде додека можам.“

Денес во кампот на Јувентус одржен е итен состанок за иднината на Пирло. На состанокот се донела одлука

Пирило да остане до крајот на сезоната во последните три лигашки натпревари и куп натпреварот против Аталанта после што ќе се прави резиме на целата сезона.

Јувентус на три кола пред крајот се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А и ако се земе во предвид формата на „старата дама“ ќе и биде тешко да се избори за топ 4 и пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…