Дома Фудбал Италија Во италијанскиот куп од наредната сезона ќе може да учествуваат само најсилните

Во италијанскиот куп од наредната сезона ќе може да учествуваат само најсилните

Италијанскиот фудбалски куп ќе го промени форматот на натпреварување и во него од следната сезона ќе настапуваат само екипи од Серија А и Серија Б.

Во натпреварувањето до сега во воведната фаза можеа да настапуваат и екипи кои се натпреваруваат во третиот и четвртиот ранг од италијанскиот фудбал, но од следната сезона тоа нема да биде случај.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според она што се пишува во италијанските медиуми до промена доаѓа за натпреварувањето да биде повеќе примамливо за носителите на права на телевизиските преноси.

Сезонава во италијанскиот куп ниту една екипа која се натпреварува под Серија Б не го помина третото коло. Финалето се игра на 19. мај и во него ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…