Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ е разочаран од елиминацијата на „кралевите“ од Челзи во полуфиналето од ЛШ.
Мијатовиќ исто така го критикуваше тренерот Зинедин Зидан и го посочи како најголем виновник за елиминацијата на Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Челси беше одличен во секој поглед, интензитет, ритам, создавање шанси… Го сакаме Зидан, постигна многу работи, но синоќа не направи ништо“, вели Мијатовиќ.
Поранешниот фудбалер, тренер и функционер на Реал, Хорхе Валдано исто така имаше големи критики за „кралевите“.
„Реал ништо не заслужи синоќа, дури ниту малку среќа. Ги победи подобриот противник. Немаше шанси за да се случи чудо, болната страна на Реал е тоа што не постигнуваат доволно голови“, објасни Валдано.